Секторот за внатрешни работи преку Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во сообраќајот, во партнерство со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот, во седум основни училишта во Општина Струмица дистрибуираа едукативен материјал.

-До директорите и стручните служби во училиштата поделивме околу 300 примероци едукативен материјал за првачињата, боенки, заштитна маска со слоган: „Јас внимавам во сообраќајот”, хартиено ленирче со аплицирани сообраќајни знаци и распоред за часовите. За учениците од второ одделение поделивме сообраќајни песнарки и лектири, информираше Хризантема Рендевска, началник на Отсекот за превенција при СВР Струмица.

Додаде дека целта на ваквите активности е подигање на безбедносната свест кај најмладата категорија учесници во сообраќајот.

Инаку, акцијата се одвиваше во изминатите пет денови во училишта во градот и населените места во Општина Струмица.