Изложбата „Приказни од дворот“ со дела од уметничката Симонида Филипова Китановска беше отворена денеска во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“.

На прилепската публика Филипова Китановска и претставува 40 свои дела, акварели.

Иако некои дела се инспирирани од патувањата на уметничката во Индија и Бразил, таа преку своите дела со мотиви на цвеќиња и од природата, порачува дека потребата да се патува во тропската прашума и да сме во потрага по егзотични хоризонти не е неопходна и сето тоа може да се види во еден обичен, скромен двор.

– Тоа е сè уште подеднакво инспиративно за уметниците денес, како што беше за импресионистите во деветнаесеттиот век, а тоа, веројатно, ќе продолжи да биде така, освен ако не ја уништиме природата. Можеби тоа е новиот концепт – уметноста како алатка за зачувување на животната средина за идните генерации, истакна Китановска.

Делата го привлекуваат вниманието на сите и се како мало спокојство.