Волонтерството се поизразено меѓу младите во Делчево. Како дел од работата на Општинската организација на Црвен крст во Делчево како што информираше Билјана Георгиевска претседателка на Црвен крст Делчево функционираат неколку клубови составени од волонтери како од двете деветолетки во градот, така и од посточеката гимназија.
-Годинава иако е време на пандемија, волонтерите реализираа поголем број активности, а притоа не ги заборавија, повозрасната категрорија граѓани, социјално загрозените и сите останати на кои им беше потребна поддршка во време на Ковид-19 кризата, рече Георгиевска.
Поради ова Георгиевска на одбележувањето на Светскиот ден на волонтерството Црвен крст им се заблагодари на сите кои дадоа свој придонес во реализираните активности.
-По повод „5 Декември – Светскиот ден на волонтерството", сакаме да оддадеме признание на волонтерите за нивната несебична помош и волонтерска работа за помош и подршка на различни категроии население на кои заеднички помагаме преку Црвен крст на РМ. И во оваа пандемија тие несебично се во првите редови и учествуваа во сите акции, за што сме им крајно благодарни, додаде Георгиевска.
Михаела Маџова е волонтер кој долги години е активно вклучен во сите активности на Клубот на млади, каде како што додаде има голем број на млади ентузијасти кои се клучни за работата на клубот.
-Во изминатиот период голем број волонтери со кои имам работено, покажаа дека без нивната поддршка, не можат да се постигнат очекуваните резултати. Поради ова од име на клубот на млади на Црвениот крст на Република Македонија, сакам да им се заблагодарам на сите волонтери со кои заедно работевме и постигнавме многу успеси. Се заблагодарувам и на претседателката д-р Билјана Георгиевска и до сите оние кои не поддржуваа за нашите акции да бидат што поуспешни. Затоа ги поканувам сите хумани луѓе да станат волонтери на нашата организација, рече Маџова.
Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на волонтерството, од клубот на млади упатија неколку пораки кои се од особено значење за вклучувањето на што поголем број на млади во волонтерските активности.