Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев денеска беа во посета на подрачното одделение во Штип.
И тие двајца се вклучија на интензивната кампања на извршната власт пред изборите во Штип, откако пред него во Штип беа и Спасовски, Филипче, Шахпаска, Маричиќ, Николовски...
Министерот за транспорт и врски Бочварски најави дека во наредниот период ќе се зголеми капацитетите на Катастарот во повеќето градови во државата, каде што има потреба од дополнителен кадар.
-Во однос на законот за домување во овој момент е во Собрание. Секако имаме и дополнителни закони на коишто имаме допирни точки за соработка и со Агенцијата за катастар на недвижности, така што се она во кое што е потребно комуникација и координација веќе работиме. Секако за мене е многу важно намалување на цените и услугите за граѓаните коишто ги има веќе Агенцијата за катастар на недвижности во процедура и тоа е исклучително значајно за граѓаните. Така што со една брза комуникација, тесна комуникација помеѓу сите институции јас сум убеден дека можеме да направиме едно поквалитетно општество за сите граѓани, изјави Бочварски.
Директорот на Агенцијата за Катастар на недвижности, Тунџев рече дека пред еден месец завршиле теренски активности за за воспоставувањето на регистарот за улици и куќни броеви на територија на Општина Штип.
-Зошто го спомнувам ова како еден од приоритетните проекти којшто и во иднина ќе треба да го реализираме заедно со општина Штип, а се однесува дека сите овие податоци треба да бидат потврдени од страна на службите во општината. Овој Регистар на улици и куќни броеви како дел од адресниот регистар, во којшто непосредно соработуваме со министерот затоа што донесувањето на законот за адреси е во надлежност на самото Министерство ќе биде од исклучително значење не само на сите граѓани, туку и на целата заедница затоа што овие податоци ќе значат унифицирање на сите податоци коишто се однесуваат по однос на улиците и вкупниот број во сите документи на граѓаните. Еден исклучително важен проект не само за Општина Штип, туку и за целата држава, вели Тунџев.