Народниот театар од Охрид задутре премиерно ќе ја изведе претставата „Сопружници” работена според авторско дело на Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска.

„Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа, пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите, појаснува режисерката Драгана Таневска во најавата за претставата.

Улогите во претставата ги толкуваат Ивица Цонев, Елизабета Стефановска, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски, Борис Далчев, Ванчо Василев…

Премиерата задутрсо почеток од 18 часот, а поради актуелната здравствена состојба таа ќе биде од затворен тип, информира НУ Центар за култура Охрид. Новата претстава „Сопружници“ ќе биде ставена на редовниот репертоар на Народниот театар Охрид во 2021 година, кога ќе може да ја види и пошироката публика.