Хуман гест на делчевската библиотека – наместо пари за новогодишен рекламен материјал, годинава Јавната локална библиотека „Илинден“ одлучи да израдува ученик од деветолетката „Ванчо Прке“, кој не е во можност да следи онлајн-настава.
-Со тие пари одлучивме да му купиме таблет на ученик, чиишто родители не се во можност да му обезбедат, а со цел полесно да ја следи онлајн-наставата. Искрено се надеваме дека нашите пријатели, соработници, членови на Управен одбор, нашите читатели нема да ни се налутат што оваа година за Нова година од библиотеката како подарок ќе добијат обично пенкалце, затоа што сакаме да направиме едно поубаво и хумано дело, истакна директорката на установата Биљана Петровска.
Таа информираше и дека Новогодишниот саем на книга се одвива без проблеми.
-Имаме голема заинтересираност за Саемот, како од помладата, така и од повозрасната популациија, што е доказ дека делчевци сакаат книги, додаде Петровска.
Новогодишниот саем останува отворен за читателите до крајот на декември.