Изложбата со наслов „Пеплосување и благородност“ на Невзат Бејтули-Кица ќе биде поставена денеска во Националната галерија – објект Мала станица.

На изложбата ќе бидат претставени слики, цртежи, графички мапи и еден видео проект.

Изложбата ќе трае од денеска до 22 декември.

Публиката ќе може да ја посети секој ден, освен понеделник, од 10 до 18 часот.