Народниот музеј од Велес денеска во Ликовниот салон во Велес ја организира изложбата на академскиот скулптор Марјан Стојаноски од Прилеп кој се претстави со изложбата на скулптури „Феникс 3“.На изложбата се претставени 9 скулптори изработени од метал,челик,росвајт и обработен лим некои од нив недополнети со огледала кои откриваат некои футуристички размисли да се долови светлината.

Овој најнов циклус на академскиот скулптор Марјан Стојаноски се надоврзува на претходните два.Со најновата серија на скулптури преку самиот наслов реферира на нешто динамично,циклично,обновувањет и повторното раѓање,персонификација на вечноста,како Фениксот кој се издигнува од својата пепел,како цикличната природа информира промоторот на изложбата Елица Николова, историчар на уметноста виш кустос од Народниот музеј.

Таа појасни дека Стојаноски,во своите дела како доминантен мотив го става кругот кој најмногу асоцира на симболиката на фениксот,кругот како симбол на бесконечноста или постојано вртење во круг.

-Скулптурите на Стојаноски се во склад со новото време,новите трендови во уметноста и скулптурата,Техниката на заварување на металот,му овозможува на скулпторот користејќи ја својата креативност да ги надградува своите скулптури склопувајќи ги од повеќе конструктивни елементи различни по форма,структира и големина кои подоцна ги обединува во една целост,во посложени композициски целини.Кругот,како геометриски симбол во чија совршена форма се претставени многу космички дела,континуирано се провлекува низ циклусот на дела „Феникс“ и во творештвото на Стојаноски,појасни Николова.

Академскиот скулптор Марјан Стојаноски завршил Факултет за ликовни уметности во Скопје во класата на Ибрахим Беди.Има организирано повеќе самостојни изложби во земјава,а учествувал и на педесетина групни изложби во земјава и странство.Учествувал и на повеќе ликовни колонии во земјава,а организатор е на ликовната колонија „ДРЕН“ во склоп на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп каде и е вработен.

Добитник е на повеќе награди и признанија,а во 2015 година ја добива наградата за скулптура „Јордан Грабул“ од друштвото на ликовни уметниц на Прилеп.