Ќе им ги решат ли маките 6000 денари еднократна помош на музичарите што државата се содлучи да им ги даде? И тоа, на неа немаат право сите, односно како барикада за да ја добијат се поставени купишта услови. На пример, неопходно е да се има регистрирано фирма за да може да се аплицира. Музичарите велат во голем број се на просјачки стап.

-Со еден концерт не можете да живеете, освен недела дена. Фалат настапите, државата проба да помогне, или рече дека ќе проба да помогне, но оние што се самостојни уметници не можат да рачунаат на помош од државата затоа што немаат регистрирано трговец поединец фирма, објаснува за Алфа џез музичарот Џон Илија Апелгрин.

-Имам колеги кои буквално не знаат како ќе го преживеат месецот, мислам дека премалку е направено токму за овие категории, и мислам дека одговорните луѓе треба добро да размислат за следни мерки, час поскоро, бидејќи овие се мерки кои се однесуваат на енократен паричен надоместок, вели музичарот Петар Младеновски.

Музичарите неколку пати реагираа, па дури и протестираа. Сега им останува надежта дека следната година нештата ќе се променат барем малку на подобро.