Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вчера е хоспитализиран на Клиниката за кардиологија поради болки во градите, соопшти денеска на својот фејсбук профил портпаролот, Флакрон Беџети.

На Села му биле направени сите детални прегледи, по што неговата состојба е стабилна. Најпрво бил примен во болницата во Охрид, а потоа префрлен на скопските клиники.

„Во текот на вчерашниот ден, претседателот на нашата партија, г-дин Зиадин Села, имаше болки во градите што беа причина да биде примен во Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. По прегледите, се востановило дека е во добра здравствена состојба и во стабилна состојба. Претседателот Села ќе се врати дома во текот на денешниот ден или утре и ќе продолжи со редовните секојдневни активности“, напиша Беџети на Фејсбук.