Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вечерва околу 19 часот е пронајден и санкциониран Б.А. од Арачиново, кој со патничко возило се движел по плоштадот во Скопје и ја загрозил сигурноста на присутните граѓани.
Министерството за внатрешни работи и во наредниот период најостро ќе ги санкционира сите кои ќе го нарушат јавниот ред и мир и ќе ја загрозат безбедноста на граѓаните, велат од МВР.
Според објавениот записник за сторен прекршок може да се види дека сопственикот на „Бентлито“ кој влета на плоштадот проаѓајќи под новогодишни украси каде што имаше и луѓе ќе одговора според членот 187 од Законот за безбедност во сообраќајот каде што е пропишана парична казна од 45 евра.
Видеото пак од овој немил настан кој можеше да заврши и со фатални последици е објавено на социјалната мрежа Тик-ток од профилот „Бурим Харачина“