Во Скопје никој не е и никогаш нема да биде над законот! Благодарност до МВР и министерот Оливер Спасовски за брзата реакција. На сопственикот на Бентлито кое вечерва се движеше на градскиот плоштад му е врачен записник за сторениот сообраќаен прекршок, искоментира Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов по виралната осуда на социјалните мрежи за видеото на кое се гледа како автомобил влетува на плоштад каде што има и луѓе.
Инаку според објавата може да се заклучи дека и Градоначалникот на Скопје, Шилегов е задоволен од реакцијата на МВР и казната од „фантастични“ 45 евра која му е изречена на сопственикот на возилото, во услови кога поради таквиот идиотизам ситуацијата можеше да заврши и со потешки последици со оглед на тоа што под новогодишните украси каде што проаѓа бентлито, а потоа и „стиска на гас“ има и луѓе.
Според објавениот записник за сторен прекршок може да се види дека сопственикот на „Бентлито“ ќе одговора според членот 187 од Законот за безбедност во сообраќајот каде што е пропишана парична казна од 45 евра.
Видеото пак од овој немил и во најмала рака кажано идиотски настан кој можеше да заврши и со фатални последици е објавено на социјалната мрежа Тик-ток од профилот „Бурим Харачина“