Јавните расправи за клучните теми, законски измени но пред се за промената на Уставот, или ги немаше, или беа сведувани на подобни експерти без никако да се слушне гласот на оној кој мисли различно - констатира професорката по уставно право и пратеник Гордана Сиљановска Дакова.
Како професор, која своевремено беше и дел од професорскиот пленум, и која имала директно учество односно искуство со т.н. јавни расправи, вели дека по најавата на министерката Царовска оти ќе се орагнизирале такви дебати и за новиот концепт за образование- објективна дискусија не може да се очекува. Сиљановска- Давкова потсетува на т.н. јавни расправи за уставните измени:
-Ако се сеќавате и како патувачки политички театар одеше од град во град премиерот со својата свита,ама во свитата влегуваа и некои експерти. Денеска ќе ги препознаеме на некои важни функции. Сега, тој што ја контролира историјата ја има и сегашноста и ќе ја контролира и иднината. Или пак тој што не си ја знае историјата ќе се соочи со нејзино повторување. Објаснете ми дали во регионот има ваков концепт каков што се предлага? Не. Дали во Грција не се учи историја, дали во Бугарија не се учи историја, дали во Србија не се учи историја?! - вели Сиљановска – Давкова за Алфа.
Владата и натаму цврсто уварува дека преку јавна расправа ќе ја оправда реформата во образованието.