Професорот и политички аналитичар Љубомир Фрчковски, поради истоштеност и покачена температура како резултат на Ковид-19 бил хоспитализиран на Клиниката за инфективните болести.
Како што пренесуваат дел од медиумите, Фрчковски бил хоспитализиран со цел под надзор на лекари да се следи неговата здравствена состојба.
Според информациите, Фрчковски се наоѓа во стабилна состојба.