Реакција на Синдикатот на полицијата во Македонија за денешните случувања во Министерството за внатрешни работи.
Оливер Спасовски – Министер за внатрешни работи на 23.12.2018 година изјави :
”Синдикалното организирање и активизам се одамна верификувани како фундаментални и универзални вредности на секое модерно, современо, демократско општество, неопходни за негово нормално и просперитетно функционирање.
Подобрувањето на статусот и условите на работа, сфатени и како загарантирани права на полициските службеници се наш заеднички интерес, оти логиката е едноставна – само задоволен полициски службеник е ефикасен и професионален полициски службеник.
Се стремиме кон цели што треба повторно да и ја вратат улогата и местото на полицијата во едно модерно, демократско и слободно општество, да го вратат нејзиното реноме и достоинство.”
Сега вака Министре зошто Полицијата не е” ТВОЈА” играчка за ти како сакаш да си играш со неа и да манипулираш со вработените и ЈАВНОСТА:
1.Дали почитуваш синдикално организирање во МВР- НЕ
2.Дали почитуваш синдикален активизам во МВР – НЕ
3.Дали МВР е модерно, современо и демократско општество – Не
4.Дали има подобрување на статусот и условите на работа – НЕ
5.Дали им се загарантирани правата на полициските службеници – НЕ
6.Дали е задоволен полицискиот службеник – НЕ
7.Дали ги зголемивте платите на униформираните полициски службници – НЕ
8.Дали Полицијата доби награда за справување со коронавирусот – НЕ
9.Дали имаме ефикасен и професионален полициски службеник – НЕ
10.Дали тоа што Вие велите е така :”стремиме кон цели што треба повторно да и ја вратат улогата и местото на полицијата во едно модерно, демократско и слободно општество, да го вратат нејзиното реноме и достоинство.” – НЕ
И пред прагот на 2021година е истото како пред 2 години со тоа што:
справување со неистомислениците и професионалците Ви е пуштено на НАЈЈАКО со незаконски распоредувања,
Воопшто не почитувате Синдикален активизам и се дрзнавте НЕЗАКОНСКИ да укинете членарина на Синдикат за што еден ден ЌЕ ОДГОВАРАТЕ,
Нема никакво подобрување на условите за работа во Полицијата,
Воопшто не им се загарантирани правата на полициските службеници и правната служба во МВР и понатаму прави секојдневни злоупотреби како и комисијата за распоредување во МВР,
Дали имаме задоволна полиција? Направете анкета меѓу колегите и најдете 2 задоволни полицајци,
На самиот крај многу сте НАЗАД да и ја вратите улогата и местото на полицијата во едно модерно, демократско и слободно општество, да го вратат нејзиното реноме и достоинство.”
Знаете кога сето ова ќе го постигнете и сето ова да оди во нагорна линија? Почнете најпрвен од СЕБЕ да се промените. Друго решение НЕМА…..
И на самиот крај ќе смените ли КОНЕЧНО барем еден началник од СВР што најмногу можеби се виновни што позицијата во Полицијата баш е таква каква што е
Синдикатот на полицијата во Македонија