Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти од: Скопје-245, Куманово-26, Штип-28, Прилеп-76, Тетово-23, Струга-12, Велес-23, Битола-47, Охрид-13, Кавадарци-25, Гостивар-29, Гевгелија-17, Струмица-19, Крива Паланка-2, Радовиш-5, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Пехчево-1, Берово-16, Валандово-1, Виница-2, Делчево-12, Кратово-4, Свети Николе-7, Кичево-11, Ресен-7 и Неготино-18.
Починати се 21 лице, шест пациенти од Скопје (79,78,68,62, 64 и 53г), двајца од Куманово (69 и 78г), двајца од Тетово (60 и 72г), тројца од Прилеп (61,77 и 85г), еден пациент од Штип (87г), еден од Охрид (77г), еден од Струга (69г), двајца пациенти од Битола (64 и 85г), еден од Струмица (83г), еден од Берово (59г) и еден пациент од Валандово (52г).Сите пациенти се починати во болнички услови.