Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80407, бројката на оздравени пациенти е 57434, на починати е 2375, а бројот на активни случаи изнесува 20598.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 34687, активни 11679
• Куманово 4577, активни 569
• Дебар 605, активни 129
• Штип 3233, активни 323
• Прилеп 4057, активни 681
• Тетово 4668, активни 942
• Струга 1958, активни 356
• Велес 2669, активни 548
• Битола 2934, активни 649
• Охрид 2295, активни 588
• Кавадарци 1994, активни 578
• Гостивар 3308, активни 624
• Гевгелија 1098, активни 296 (74 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 186 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2219, активни 629
• Крива Паланка 586, активни 121
• Радовиш 592, активни 125
• Крушево 155, активни 66
• Кочани 1561, активни 257
• Пробиштип 438, активни 51
• Демир Хисар 230, активни 39
• Македонски Брод 209, активни 29
• Пехчево 133, активни 16
• Берово 485, активни 62
• Валандово 291, активни 64
• Виница 435, активни 67
• Делчево 660, активни 216 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 187, активни 20
• Свети Николе 1027, активни 135
• Кичево 1542, активни 265
• Ресен 613, активни 136
• Неготино 961, активни 338 (152 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Инаку, со овие бројки, Македонија ја надмината психолошката граница од 80.000 инфицирани со Ковид -19, што е за скоро 40 пати повеќе од прогнозите на предизборните драматични прес-конференции на тогашниот технички премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче кои прогнозираа дека во Македонија ќе бидат инфицирани меѓу 2.000 и 2.500 граѓани и околу 80 пати повеќе од прогнозите на МАНУ, кои пак велеа дека во Македонија ќе бидат регистрирани меѓу 1000 и 1100 позитивни пациенти.