Волонтерите од организацијата САНО, кои им помагаат на децата со малигни заболувања и нивните родители, денеска во пресрет на новогодишните празници од „Македонски телеком“ добија донација во парични средства, неопходни за реализација на нивната програма.

Волонтерите од САНО, кои се соочиле со малигнитети во детска возраст и ја победиле болеста, им помагаат на децата со ранлива здравствена состојба во каква што биле и самите пред неколку години.

с Искуствата што ги имале додека се бореле со болеста им помагаат на волонтерите лесно да препознаат каде и каква помош им е потребна на овие деца и нивните родители. Споделувањето искуства, психолошката и логистичката поддршка низ здравствениот систем, но и едноставното дружење со децата и родителите се дел од секојдневните активности на мрежата волонтери од САНО. Минатата година оваа организација отвори и Родителската куќа во која престојуваат родителите чии деца се лекуваат на Клиниката за детски болести, велат од „Телеком“ и додаваат дека целта на нивата донација е да помогне во реализација на проектите и активностите на САНО.

Од „Телеком“ потсетуваат дека годинава компанијата во заедничка акција со вработените донираше и монтажна општа амбуланта на Клиника за детски болести, а со поддршката на волонтерите на САНО, како што велат, ја продолжуваат својата мисија за креирање хумано општество.