Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту партиските функционери не ги организираа протестите на „Заедничка Македонија“ а подоцна и упадот и насилствата во Собранието што се случија на 27 април 2017 година, сведочеше денеска, Христијан Мицкоски

- Тоа што го кажав во судот а вие сега го цитиравте е дека народот тој ден, а и не само тој ден, туку и неделите претходно, месеците претходно се само организираше, односно бројката варираше од неколку стотини во некои денови, до неколку илјади во други денови, дел од тие протести кога можев бев и јас. Зошто? Затоа што протестиравме против погрешните политики во најава кои што тогаш беа актуелни во државата и ценам дека на тој начин е демократско право на секој граѓанин во една демократска држава да изрази револт против определени политички девијантни однесувања на определени политички структури и политички партии, во случајот тоа беше СДСМ и сето она кое што во тој период СДСМ го најавуваше доколку е партија која што ќе ја формира владата. Дел од тој народ кој што се само организираше бев и јас, нормално тогаш кога времето ми дозволуваше и кога можев да дадам поддршка на тие протести.

Јас сум човек кој што во тој период обавува државна функција, генерален директор на АД Електрани на Македонија, во тој период исто така сум и советник на претседателот на владата, член на Извршниот комитет во тој период на ВМРО-ДПМНЕ, човек од градот кој што познава многу луѓе па и јавни личности и логично е дека дел од тие јавни личности имаат конзервативни десни сфаќања и луѓе кои протестираат против погрешните политики во најава во тој период и се истомисленици со моите сфаќања во тој период за актуелната политичка ситуација и логично е да со тие луѓе се слушаме за разно разни поводи вклучително и за тоа што е актуелно во тој период а тоа е нели само организираното протестирање на граѓаните.

Јас дадов изјава и внатре во судницата дека ниту Извршниот комитет ниту било кој член на ВМРО- ДПМНЕ е дел од организацијата на ова самоорганизирање на народот кој што се случуваше во тој период. Ова е очигледно дека станува збор за сериозен и жестоко монтиран политички процес.

Политички процес кој што има единствена цел да нанесе штета на ВМРО -ДПМНЕ , политички процес кој што има за цел да врши политички терор врз активистите и членовите на ВМРО – ДПМНЕ и политички поицес од кој некој профитираше, а некој сериозно загуби. Јас ценам дека после 27 Април сериозно загуби ВМРО-ДПМНЕ а веднаш после тие настани влада направи СДСМ и Зоран Заев. Можеби тој одговор на ова прашање ќе ви послужи да истражите и да иницирате кој го осмисли сето тоа, кој го спроведе и зошто се случи. Никако тој што загуби од тој процес не може да биде ниту испиратор, ниту сценарист ниту оперативно да го спроведе. Јас повеќе би се задржал на тоа кој профитираше и кој имаше бенефит од сето тоа. За жал, на грбот на граѓаните и на грбот на демократијата во нашата држава. После тој ден веќе ништо не е исто, истакна Мицкоски.