Десет месеци 33-годишниот наркозависник Александар Терзиоски од Струга чека социјална помош од државата. Му рекле дека ги исполнува условите, но се уште не добил ништо. Терзиоски 15 години се бори со овој тежок порок. Се обидува да го победи застанувајќи на сопствени нозе, но државата нема слух, како што вели тој. Ги загубил родителите речиси истовремено, и двајцата починале во период од 6 месеци.Тогаш вели останав без ништо, но додека да застанам на свои нозе ми треба помош, затоа и се обратив во Центарот за социјална работа.
-Од фебруари подадов документи чекам за да ми дадат социјално и ми велат дојди денес,дојди утре а кога ги подадов документите ми кажаа дека не смеам додека е процедурата во тек, да не влезеш никаде на работа.Не смее никој да ти пушта пари од страна.Заради тоа останав вака, барем ќе отидев сезонски јаболка да собирам некаде вели Терзиоски за Алфа.
Од струшкиот Центар за социјална работа за Алфа велат дека знаат за случајот на Александар и оти неговото барање е во процедура.Уверуваат дека во текот на месец јануари идната година ќе ја добие бараната помош.