Герила акција на студенти од Филозофскиот факултет се оддржа пред кампусот на факултети на УКИМ како и холот на Филофскиот факултет.

Тие со транспаренти „Историјата е мајка на знаењето“, „Но пасаран“ и „Јас не ја разбирам Мила“ порачаа дека моделот за нив е неприфатлив и избрзан.

Студентите дејствуваа во поддршка на официјалниот став на Институтот, чии професори заклучиле дека предложените решенија се комплексни, при нивното изготвување не е консултирана останатата стручна јавност, а се се одвива во краток временски рок.

Новиот образовен модел предвидува предметите историја, географија и граѓанско образование да се спојат во еден, а физика, хемија и биологија во друг наставен предмет.