Не успеа обидот на власта, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги фати на „кондиција“. Филибастерингот на опозицијата со пријавена цела пратеничка група за збор како и репликите и контрарепликите на говорницата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пред се на оние кон двајцата пратеници од Левица кои останаа заедно со ВМРО-ДПМНЕ да ја водат битката, создаде да седницата за Предлогот на Закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба со кој се предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра трае повеќе од 20 часа.

- 6 ЧАСОТ НАУТРО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА... Повеќе од 20 ЧАСА БЕЗ ПРЕСТАН буквално цел ден и цела ноќ пратениците на ВМРО ДПМНЕ се борат да СПРЕЧАТ спорен договор вреден 33 мил евра! Толку многу мириса на СКАНДАЛ што сакаа да го скријат и протнат во доцните вечерни часови, но со ЛАВОВСКА БИТКА успеавме да го дочекаме НОВИОТ ДЕН заедно, за цела македонска јавност ДА ЈА ВИДИ злоупотребата! НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ! БИТКАТА ПРОДОЛЖУВА!, информираше на својот фејсбук профил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Инаку, на собраниската седница, освен пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица од страна на владеачкото мнозинство не е присутен речиси ниту еден пратеник, освен Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој е повереник на Владата.

Досега, во македонската историја не се памети ваква седница на Собранието, а прв пат се случува сега за Закон кој не е од суштински интерес за граѓаните ниту пак со него се предвидува подобрување на животниот стандард туку за Закон со кој ќе се овласти Премиерот Зоран Заев да склучи договор со Макпетрол и државата да им префрли 33 милиони евра за вложувањата на компанијата во гасоводот.