Студентките Сара Јованова и Елмедина Мислими, од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, изработија иновативен проект за да се подигне јавната свест за трговија со животни преку кој им овозможи директно учество за натпревар на овогодинешниот виртуелен Зоохакатон, со 29 тимови од цела Европа на тема „Технологија и заштита на живиот свет и животната средина“, информираат од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.

Настанот се организира од француската фондација Free Spirit, поддржана од американските амбасади во Европа заедно со Стејт Департментот.

– Целта на Зоохакатон беше да се инкорпорираат модерни решенија преку кои може да се подобри состојбата на живиот свет, имено да се спречи трговијата на диви животни и праксата овие ретки видови да се тргнат од „хабитатот“ каде живеат и на еден начин да се „фрлат“ во сосема поинакви услови кои воопшто не им прилегаат и тие се форсирани преостанатиот живот да го поминат во болка и тажни, информираат од ФВМ.

Нивниот тим насловен „Koala Fan Club“ беше еден од 18-те кои влегоа во потесен круг и создадоа вистински решенија за зададените проблеми.