Додека регионот, не само Турција, не проценува како ризично подрачје од кое би можеле да увезат ковид- вирус, Македонија е отворена за влез без никакви пречки дури и од најризитните подрачја. Периодот околу празниците вратени се огром број гастербајтери во земјава, па и самите лекари стравуваат дека по Божик е можен нов бран.
-Сега ни дојдоа од надвор од Западна Европа и сега ние се плашиме дека по две недели ќе имаме зголемен број кој што навистина може да не фати во незавидна ситуација, вели за Алфа, координаторот на ковид-центарот во Тетово, Гзим Нуредини.
За сега нема точни информации кога ќе биде готова модуларната болница во Тетово, но се знае колку кревети ќе има.
-Модуларната болница ќе има околи 35 легла за хоспитализирање на пациетни ќе има распоред за интензивен дел и ќе има и лабараторија, додава Нуредини. Инаку во клиничката болница дневно има во просек по 40-тина пациенти, генерално со средно-тешка клиничка слика.