Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими командантот на КФОР генерал-мајор Франко Федеричи, којшто престојува во работна посета на Република Македонија.

Со цел ефикасно справување со безбедносните предизвици во регионот, на средбата беше потврдена подготвеноста за унапредување на меѓусебната соработка и размена на информации од заеднички интерес.

Соговорниците разменија мислења за заедничките активности со силите на КФОР и за активностите и ангажманот на првиот армиски контингент којшто минатиот месец беше упатен во главната команда на мисијата и во командата на КФОР – „Запад“, во Косово.

„Како полноправна членка на НАТО, ќе го продолжиме нашето учество во мировните мисии предводени од НАТО, Европската унија и од Обединетите нации. Нашата Армијата ќе продолжи да придонесува кон глобалната безбедност, мирот и стабилноста“, подвлече претседателот Пендаровски на средбата со командантот на КФОР, генерал-мајор Франко Федеричи.