Црвениот крст на Република Македонија објавува апел за мобилизирање на финансиска помош за настраданото население во земјетотресот во Хрватска. Хуманитарната акција ќе трае до крајот на месец јануари 2021 година.
– Со големo жалeње ја слушнавме веста за катастрофалниот земјотрес кој ја погоди областа на Петриња и Сисак во Република Хрватска на 29 декември, 2020 година. Искрено сочувствуваме со семејствата на загинатите и повредени граѓани на Република Хрватска. По случувањето на земјотресот, Црвениот крст на Република Македонија упати телеграма со сочувство и оствари контакт со Хрватскиот Црвен крст околу проценка на состојбите и обезбедување на хуманитарна помош за погоденото население од катастрофата. Црвениот крст на Република Македонија ги понуди специјализираните тимови за одговор и дејствување при катастрофи, материјална помош од стоковите резерви на организацијата како и финансиска помош за погоденото население, соопшти Црвениорт крст.
Средствата може да се донираат на телефонските броеви за донации. Со еден повик на телефонските броеви донирате 100 денари за хуманитарна помош на настраданото население во Р. Хрватска:
– за корисниците на Македонски Телеком 070 143 400
– за корисниците на А1 Македонија 075 143 400
Заинтересираните лица, компании и институции може да донираат финансиски средства преку жиро сметката на Фондот за Солидарност на Црвен крст на РСМ:
Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија
Жиро сметка: 300000001327966 Даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална Банка
Граѓани од други земји може да донираат на:
Name of the organization: Red Cross of the Republic of North Macedonia
Прочитајте и... ФОТО | Една фотографија, илјада емоции: Куче во Хрватска сѐ уште ја чува куќата, иако земјотресот ја срамни со земја Bank name: Komercijalna Banka AD Skopje
Bank address: ul. Orce Nikolov no.3, 1000 Skopje, North Macedonia
Bank account: 300000000000133 25730522-11
Swift code: KOBSMK2X
Iban code: MK07300701000001228.