Амбасадата на Бугарија во земјава соопшти дека во рамките на проектот „Бугарски божиќни празници“, што се спроведува со финансиска поддршка на бугарското Министерство за надворешни работи, денеска донирала 185 божиќни пакетчиња и училишен прибор на здружението „Во мојот свет“.

Во соопштението на Амбасадата се нагласува дека донираните пакетчиња се наменети за штитениците од Центарот за деца со нарушувања на аутистичниот спектар во Охрид, СОС Детското село во Скопје и Сојузот на слепи лица.

– Донацијата беше доставена од бугарскиот амбасадор во Република Северна Македонија Ангел Ангелов и неговата сопруга Билијана Ангелова со строго почитување на рестриктивните мерки воведено за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, се нагласува во соопштението.