Здравко Савески, поранешен член на Президиумот на Левица на фејсбук го праша претседателот на Владата Зоран Заев дали е точно дека тој го инструиррал судството за да му ја даде Левица на Димитар Апасиев, за тој да краде гласови од ВМРО ДПМНЕ.
Ајде и јас да поставам прашање до Заев. Дали е точно дека го инструиравте судството да му ја даде Левица на Апасиев и покрај тоа што тој изврши кривично дело фалсификување на документи, за што се оди во затвор? Дали е точно дека ја направивте таа пресметка за овој „војвода“ да краде гласови од ВМРО? Зашто, да не се лажеме, без неговото крадење на гласови, ВМРО а не СДСМ ќе беа први на изборите и можеби тие ќе формираа влада по изборите, пишува Савески на Фејсбук.