Честитка по повод Новата 2021 година до сите Македонци во Албанија и каде и да се во светот, до сите граѓани во Албанија и пошироко, упатија единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и македонското друштво „Илинден “-Тирана.

-Зад нас оставаивме една тешка година која сите сакаме да ја заборавиме.Од мое лично име од име на МАЕИ посакувам да заборавите на болката, тагата и стравовите кои многумина од Вас ги поминавте во 2020. Нека Новата 2021 година ви биде поубава од претходната,во која ви посакувам многу незаборавни моменти на среќа, радост и успех заедно со вашите најблиски,стои во честитката на МАЕИ,што ја упати претседателот на партијата Васил Стерјовски.

При тоа како поздрав до сите, постира видео запис со песната „Во светот на бајките“ испеана од деца од село Леска, општина Пустец.

-Изминатата 2020 -та година ни приреди непријатни ситуации, вистински искушенија, не стави пред големи предизвици, ни ја тестира хуманоста во нас, трпението, послушноста, подготвеноста за да делуваме во непознати ситуации. Но, секако и не научи на многу нешта. Да се надеваме дека 2021-ва година ќе ни надокнади за се и ќе биде многу дарежлива кон сите нас. Затоа, на сите, од мое и од име на друштвото „Илинден“ ви ја честитам Новата 2021 година , со желби за здравје, среќа и многу успеси, стои во честитката на друштвото упатена од претседателот Никола Ѓурѓај.