Ново контроверзно видео се појави на социјалната мрежа Тик ток.

Имено двајца возрасни мажи му помагаат на мало дете да пука од пиштол кој го држи со помош на една возрасна личност додека другиот снима.

Според видеото, времето на снимката е направена 13 секунди по полноќ.

Видеото е објавено од корисник извесен Агрон Џафери, за кој се претпоставува дека е од Тетово.

Видеото, кое трае 5 секунди набрзо по објавувањето е симнато од ТикТок, но за брзо се рашири низ социјалните мрежи.