Модерната, современа пракса која во средниот век ја спроведувале верските инквизитори, а во комунизмот цензорите за гушење на слобода на говорот како заштита на нивните интереси во јавноста денес се остварува преку така наречените “проверувачи на факти“. Тоа е мрежа на “невладини организации“ кои во најголем дел се под контрола на глобалната фондација на Џорџ Сорос, пишува во анализата на порталот Вести.

Порталот Remix – rmx.news во анализа на авторот Џон Коди, на 31 Октомври 2020 објави:

“Кога станува збор за политичка содржина и одлучување што е точно и што е дезинформација, во Централна и Источна Европа, Фејсбук се потпира на трети страни организации за да се справат со проверка на фактите, а многу од овие организации се финансирани од прогресивниот милијардер Џорџ Сорос.

Во моментов, Фејсбук има повеќе од 60 партнери кои проверуваат содржина на повеќе од 50 јазици ширум светот. Како што претходно објави Ремикс њуз, 18 од 20 члена на глобалниот одбор за проверка на фактите на Фејсбук имаат поврзаност со Џорџ Сорос, кој обезбеди средства за либерални цели низ целиот свет, вклучително и над 50 милиони УСД што ги потроши за пораз на претседателот Доналд Трамп и напори да поткопуваат конзервативните влади во Унгарија и Полска.

Влијанието на Сорос врз гигантите на социјалните медиуми не завршува со глобалниот одбор на Фејсбук за проверка на фактите. Тој, исто така, финансира или индиректно ги финансира проверувачите на факти од трети страни кои соработувале со Фејсбук во специфични земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД и Шпанија. Се повеќе, проверувачите на факти што тој ги финансира исто така се наоѓаат во Централна Европа, со „Ремикс Њуз“ идентификувавме најмалку осум од 11 земји во регионот каде што организацијата за проверка на фактите е група финансирана од Сорос (голем број земји, како што е Унгарија , Србија и Романија, сè уште немаат официјален проверувач на факти од трета страна на Фејсбук, или немаше такви информации за време на објавувањето).“

Истите луѓе од истите организации кои се активисти во локалните соросови организации во Македонија за потреби на Фејсбук “проверуваат факти“ објавени на социјалните мрежи или информативните портали и, според своја слободна политичка оценка пријавуваат во Фејсбук кој “шири лажни вести“ против нивните интереси а, потоа, Фејсбук блокира објави на луѓе и медиуми и оневозможува слободно мислење и јавна дебата околу битни прашања. Се создава едноумие и заробеништво на јавноста и слободната мисла за потреби на една идеологогија која никаде во светот не е верификувана, не излегла на избори и не добила поддршка во јавноста.

Целиот текст може да се прочита на vesnik.com