Македонија и оваа година ја стартува закована во чекалната на Европската Унија. Очигледно е дека сите отстапки што власта ги направи, кои длабоко ја потковаа безбедната основа на државата и ја доведоа до степен на лесно уривање од страна на сите соседи кои имаат проблем со нашата земја – не вродија плод. ЕУ не „се отвори“ за нас. А по добрососедскиот се потпиша и договорт од Нивици со кои не добивме ништо, се уништи достоинството на македонскиот народ.

-Со таква голема , голема отстапка како потпишувањето, нема ниедна гаранција дека со промена на името ќе добиеме почеток на влез во ЕУ. Ние сме соочени со долгогодишен апсурд како што е она непризнавање од страна на Грција на нашето име, сега пред нов апсурд за непризнавање на нашиот јазик и идентитет. И што доби Македонија, не доби ништо освен што македонскиот народ се чувствува како да му е уништено достоинството, вели за Алфа професорката Симона Груевска Маџовска.

И граѓаните се веќе сериозно евроскептични. Не се убедени дека дури и сега да се случи чудо и отпочнеме преговори, оти ќе бидат искрени и ќе станеме брзо членка на Унијата.