Сама против целата професорска и академска фела - вака може во една реченица да се опише ситуацијата во која се најде министерката за образование Мила Царовска, откако го најави новиот концепт според кој, меѓу другото, историјата како посебен предмет оди во заборав. Царовска не отстапува од најавата, решена е да го спроведе, очигледно и по цена на вртење против себе и владата на интелектуалната професорска фела. На едно од последните интервјуа таа вели:

-Лавина на реакции во однос на оваа концепција се случи врз основа на лажна вест. Тоа покажува дека ова значи дека малку сме спремни да препознаеме што значи лажна вест и да ја споредиме, и да видиме дали она што ни се нуди и планира, може да не однесе во погрешна насока, изјави Царовска.

А еве ги реакциите од академската и професорска фела во продолжение:

-Сериозните промени какви што се предлагаат, претпоставуваат претходен долготраен истражувачки период кој тука изостанува. Решенијата понудени во Нацрт-концепцијата не се засновани на прецизна идентификација на вистинските проблеми и предизвици во основното образование, потенцираа од оваа образовна установа, реагираат од Педагошкиот факултет.

-Нацрт-верзијата содржи методолошки и дидактички недоследности и решенија кои не соодветствуваат на воспитно-образовната и општествената реалност во државата.

Имплементацијата на Концепцијата може да предизвика сериозни проблеми во сферата на образованието, велат од Филозофскиот факултет.

-Потребно е стручно и целисходно водење на сите реформи на образованието во нашата држава, а реформите треба да обезбедат систематско и посебно изучување на македонскиот јазик и македонската историја, порачуваат од МАНУ.

Се огласија и професори од Природно-математичкиот факултет кои ги држат предметите Методика. Јасно и порачаа на министерката Царовска дека нагли промени во образованието ќе бидат непродуктивни и штетни.