Kомисијата за жалби при Советот за етика во медиумите, каде што и нашиот портал е член, донесе одлука по доставена жалба од „Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ)“ за интернет порталот „Макпрес.мк“ за текстот објавен на нашиот портал со наслов:
„И Стојанче Ангелов си работи на личниот ПР: темата за обезбедување на болниците од АРМ се уште ја држи актуелна“, објавен на 03.12.2020 година.
Во жалбата беше наведено дека во спорниот текст има елементи на неточно и нефер известување и пристрасност и неурамнотеженост во информирањето.
По доставениот одговор од страна на редакцијата на Макпрес.мк, членовите на комисијата одлучија дека жалбата се отфрла како неоснована и дека во објавениот текст не се прекршени етичките и професионални стандарди на известување
Во продолжение ја објавуваме одлуката на Комисијата за жалби при СЕММ: