Во денешното обраќање на Живко Груевски, одговорен за комуникации и односи со јавноста во Еуромакс Ресоурцес потврди дека компанијата е во 100% сопственост на Еуромакс Ресоурцес Лимитед

- Проектната компанија за развој и управување со рударскиот комплекс Иловица – Штука, Еуромакс Ресоурцес Македонија е во 100 процентна сопственост на Еуромакс Ресоурцес Лимитед, мајката компанија која е регистрирана во Ванкувер во Канада и котира на престижната Берза за хартии од вредност во Торонто.

„Компанијата Еуромакс Ресоурецс Лимитед има диверзифициран меѓународен акционерски капитал што доаѓа од компании од земјите како Канада, САД, Англија, Швајцарија и земји од ЕУ. Сите овие инвеститори го стекнуваат својот удел во компанијата преку финансирање во проектот и очекувањата на сите се дека ова ќе биде проект од светска класа. Односно рудник што ќе биде управуван, организиран и со производство по највисоките стандарди за заштита на животната средина, социјалите аспекти и секако со примена на сите најнови технологии на рударството на 21 век“, изјави д-р Живко Груевски, одговорен за комуникации и односи со јавноста во Еуромакс Ресоурцес.

Водечки инвеститор во акционерската структура е групацијата Трафигура, која својот удел го реализира преку својата финансиска институција Галена Асетс Менаџмент од Женева, Швајцарија и нејзината ќерка фирма Галена Рисоурс Еквитис ЛТД, каде како партнер – инвеститор се јавува и Геотецхмин од Бугарија. Индустриската групација Геотецхмин е една од најголемите инвестициски и производствени компании во Бугарија со водечка улога во рударството, градежништвото, енергетскиот сектор и заштита на животната средина, истакна Груевски.

Токму за сопствеништвото на Еуромакс Рисорсес и дека во него е влезен бугарски капитал во последниот месец дена во јавноста говореше и Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Тој меѓу другото обвини и дека во позадина на сопствеништвото на рудникот Иловица стои фирма регистрирана во оф шор дестинација односно на Кајманските острови.

Прашање кое сакам да го поставам се однесува на рудникот Иловица. Сакам да кажам дека таму не може да има рудник затоа што треба да се зачува целиот тој регион и јавно сум го кажувал тоа и прецизно сум го кажувал и во текот на изборната кампања и после тоа. Во 2015 година комисијата за заштита на конкуренцијата на 15 април носи решение со кое што известува за концентрација и кажува дека Друштвото Галена рисорсис еквилит лимитид од Кајманските острови ќе се стекне со контрола на Еуромакс рисосрсис која што е носител на коцесијата за Иловица. Галена рисорсис еквилит лимитид е регистрирана со седиште на Мејпл порпр ексервес лимитид на Гранд кајман на Кајмански острови. Тоа за пошироката јавност е оваа зграда. На оваа зграда според информациите на престижниот британски весник Дејли мејл се регистрирани уште 20.000 компании, а зградата како што гледате е прилично мала, истакна Николоски на крајот од минатиот месец.

Николоски во јавноста го откри и бугарскиот удел во проектот Иловица.

- Имајќи предвид дека Галена во овој момент поседува 53,1 процент од Еуромакс рисосрсис, а како нивен претставник во бордот на директори се јавува никој друг туку Иван Вутов син на Цоло Вутов еден од најбогатите луѓе во Бугарија кој што се занима со рударство и кој што нема баш вака домар имиџ во однос на неговите аквизиции и во Бугарија и во останати држави во кои што работел, откри минатиот месец потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.