Славеничка фотографија на лидер на партија кој не е дел од извршната власт со брзина на светлината се рашири на социјалните медиуми.
Тоа го може, кој друг ако не, Претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Имено, Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил објави слика од канцеларија во новата барокна зграда каде што се всели Министерството со најмногу вработени во Република Македонија предводено од Артан Груби, на која се гледаат како 15-тина функционери (иако согласно мерките не е дозволено групирање на повеќе од 4 луѓе во затворен простор) од ДУИ седат во таа канцеларија, никој од нив не носи маски а нормално, меѓу нив речиси и да нема никаква дистанца.
Поводот за собирот во државната зграда, односно во зградата на Министерството бил роденденот на вечниот претседател на ДУИ, Али Ахмети, а како што може да се види од сликите пред Ахмети има и роденденска торта.
Тоа е се што треба да знаеме за почитување на Законите од страна на државните функционери, особено на оние од редовите на ДУИ!