Во Собранието на Република Македонија денеска ќе продолжи утврдувањето на предлог листа за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Утврдувањето на листата го вршат на седница членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Постапката започна на седница на Комисијата на 30 декември, откако заврши јавниот оглас за пријавување на кандидатите за членови на Комисијата за антидискриминација.