Ако нема графа за етничка и верска припадност ќе повикаме на бојкот на пописот, порача денеска Владиката на МПЦ-ОА Петар.
-Ние сме сериозно заинтересирани во најавениот попис да постои графа за етничка и верска припадност за да знаеме колку се православни во Македонија, колку се муслимани како и на другите вероисповеди и религиозни деноминации. Да се постапи така во спротивно ќе биде народот па и ние засегнати не само да не се јавиме на пописот туку и да го повикаме народот во нашите епархии да го бојкотира пописот, изјави владиката „Алфа“.
По неговата изјава брзо се огласи на Твитер министерот за правда Бојан Маричиќ.
-На пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност. Очекувам сега, Владиката Петар, за доброто на државата да ги повика верниците масовно да го поддржат пописот, напиша Маричиќ на Твитер.