Медицинскиот персонал во Охрид и Струга е исплашен од масовното враќање на нашинците од странство за празниците и можноста за ширење на заразата, заради тоа што Македонија не презеде доволно строги мерки за превенција на увозот на опасниот вирус. Во струшката болница креветите се полнат со дојденци од Швајцарија.
- Пошто ние секако во болницата имаме пациенти од тие што се вратени од по Европа што резултира дека се позитивни.Така што самите комуникации меѓу фамилиите секако дека е голем ризик и ние апелираме до граѓаните да внимаваат во тој дел, изјави за „Алфа“ Мухамед Асани, директорот на општа болница Струга.
Во охридската општа болница во моментов се хоспитализирани 60-тина пациенти, од кои 40 се на кислородна поддршка. Директорот на болницата со апел до граѓаните, да ги почитуваат препораките за време на празничните денови кои допрва следуваат.
-Да, реално сум уплашен дека народот нема да ги почитува тие мерки, тие препораки и сум уплашен. А сето тоа што не ќе се почитува, општата болница Охрид го трпи најголемиот товар, вели директорот на охридската општа болница Горан Балев.