Со цел да ги израдува, утеши и развесели болните, но и да им се заблагодари на медицинските работници за посветеноста, грижата и пожртвуваноста во борбата против пандемијата, Здружението “Бадникови поворки” денеска посети поголем дел од инфективните одделенија низ Републиката.
– Божикни честитки со топли детски пораки и желби за побрзо оздравување на болните, како и традиционални бадникови колачиња за здравствените работници – тоа беа скромните, но со многу љубов подготвени, божикни подароци, соопштија од Здружението „Бадникови поворки”.
Желбите за добро здравје, спокојни празници и што побрзо надминување на здравствената криза, беа обострани.