Платни налози по 20 евра за неносење заштитна маска им се изречени на сите 15 функционери од Демократската унија за интеграција кои се сликаа собрани во новата зграда на Министерството за политички систем, потврди Министерството за внатрешни работи.
Функционерите на ДУИ на 4 јануари без маски на лицето се сликаа славејќи го роденденот на нивниот лидер Али Ахмети
Инаку, по објавените информации во медиумите за висината на казните, граѓаните на социјалните мрежи покренаа петиција за собирање на донации за функционерите на ДУИ да не бидат „оштетени“ и казните да не мора да ги плаќаат од сопствениот џеб.