Компанијата „Жито Лукс“ од декември минатата година почна со донација на дел од средствата од секој купен производ од своето портфолио во Тинекс маркетите за помош и подобрување на условите на функционирање на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.
Од компанијата посочија дека оваа хуманитарна активности ќе трае до 12 јануари годинава.
-Изминатата 2020 година беше исклучително неизвесна и тешка за сите, а особено за ранливите категории во нашата држава, па помош од секаков вид беше добредојдена. Жито Лукс уште од самиот почеток на кризата предизвикана со Ковид-19 донираше прехранбени производи преку Црвен Крст, за да продолжи со истиот интензитет и хуманост во текот на летото со донации во институциите и организациите кои помагаат на децата без родители – СОС Детско село, One Can Скопје, Проект Среќа, Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и други, соопштија од компанијата.
Од Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле ја поздравија ваквата иницијатива која, за која посочија дека во овие кризни времиња на светска пандемија и тешки моменти за здравствениот систем и државата е од особена важност.