Животот после ковид-кризата веќе нема да биде ист, оценува психологот Ана Фрицханд. Луѓето веќе демонстрираат зголемена анксиозност и депресија, и не мал број од Македонците се со нарушено ментално здравје.

-Има пораст некаде околу 30 отсто на анксиозно и депресивни состојби.Ја гледаме веќе промената ги има разликите споредено со пред пандемијата. Мојот приод секогаш во животот е секогаш да се извлече максимално најдоброто од секоја ситуација.Колку и ова да трае нема вечно да биде, се е до преспективата, вели Фрицханд за „Алфа“.

Стравот, според неа, е еден од најсилните фактори за нарушено ментално здравје. Промени во психата се забележуваат и кај лицата кои ја прележале короната. -Веќе се забележуваат ти промени дека различно реагираат , некои поединци реагираат прилично нервозно , напнати се избувливи се..други се депресивни во своите реакции па дури да може да оди и до степен на безнадежност, иако јас не би сакала да верувам дека има некој што е дојден до степен до безнадежност. Реалноста е таква што од една страна најдобро би било да ја прифатиме ситуацијата и да се избориме на најдобар можен начин и да останеме функционални за да не бидат последиците прилично негативни, додава Фрицханд.