Откако пред 4 дена СДСМ најави дека ќе прави стратегија за борба против лажните вести, поставувајќи се како партија посилна дури и од институциите чија цел е борбата против ваквиот тип на информации - реагираат дел од новинарите. За нив е нејасно зошто СДСМ се решава на ваков чекор и како тоа партија на власт ќе смее да оценува што е лажна а што не е лажна вест?
-Тоа би изгледало вака: Кога би се објавила било каква информација за темите за кои веќе ги посочија, а тоа е веројатно ковид кризата, владините реформи, НАТО системот или локалните избори кои треба да се случат 2021 година , ние во текот на денот ќе се соочиме со серија на произведени вести од машинеријата на СДСМ кои ќе викаат “лажни вести , лажни вести” и преку нивните таканаречни ботови или проверувачи на факти, ќе ги споделуваат на социјалните медиуми, вели новинарот Саше Димовски, за Алфа.
Според Димовски единствено интервенирање во работата на медиумите, особено од политичките фактори може да биде испраќање деманти. Но креирање планови за наводно спречување на лажни вести е стратегија за замолчување.
-Ние во оваа ситуација сега ќе се доведеме да имаме нетранспарентни функционери кои нема да даваат изјави, нема да се појавуваат во медиуми кои критички ја опсервираат нивната работа и вие кога ја немате едната страна веднаш ќе се појавата тие поверувачи на факти кои на социјалните мрежи ќе заплиснуваат дека станува збор за медиуми кои се непрофесионални и на тој начин ќе ги девалвираат и замолчуваат критичките медиуми не давајќи им простор да истражуваат бидејќи секогаш едната страна во случајот владејачката СДСМ нема да се појавува ниту на дебати, ниту ќе одговара на изјави на прашања на новинари кои се критички кон нив и затоа ќе ја добиеме оваа партиска машниерија што е страшно.
Владејчката СДСМ влегувајќи во устата на Владата покажа дека овде не станува некаква демократија, туку за вистина која ќе биде само по волја на владејачката партија, рече Димовски.