Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење. Анкетата е спроведена телефонски во период од 21.12.2020 - 25.12.2020 врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност.
При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.
Нарачател и спроведувач на анкетата е тимот на Институтот СИА ВИСТА. Според резултатите од првиот дел на анкетата, на прашањето За која партија би гласале, доколку изборите би се одржале утре, 22,3% од граѓаните се одлучиле за ВМРО-ДПМНЕ, додека 18,4% од граѓаните се определиле за владеачката партија СДСМ. 4,9% од граѓаните својата доверба би ја дале на партијата Левица. Во албанскиот блок на партии разликата помеѓу ДУИ И Алтернатива е во рамки на статистичка грешка, односно за ДУИ би гласале 6.1% од гласачите додека за Алијанса за Албанците 5.6%. Партијата на Африм Гаши односно Алтернатива ужива рејтинг од 2.7% кај граѓаните додека БЕСА од 2%. Последна е партијата на Мендух Тачи со 0.6% рејтинг. Од вкупниот број на испитаници 14% не сакале да дадат одговор на прашањето, додека скоро 20% се изјасниле дека нема да излезат на гласање.