Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење. Анкетата е спроведена телефонски во период од 21.12.2020 - 25.12.2020 врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.
Во делот од анкетата каде се разработуваат прашањата кои се однесуваат на градот Скопје (и општините) во фокус се 742 испитаници од Градот Скопје кои се дел од вкупниот примерок од 1 523 испитаници.
Според резултатите од истражувањето за граѓаните најголем проблем е криминалот кој е неказнет, а за оваа опција се одлучиле 33.5% од испитаниците.
Втор најголем проблем е невработеноста, а потоа следуваат лошата економија, ковид кризата, неостварените ветувања и недоволната заштита на националните интереси.