Барбареев, Диздаревиќ, Петроска-Бешка, Мехмеди, Мијиќ, Дамовска и Ајрулаи, се седумте имиња што Министерството за образование ги испратило како одговор на новинарско прашање на Алфа: кои се бројните професори кои според Царовска, ја поддржуваат нејзината реформа со која е предвидено бришење на „Историјата“ како посебен предмет во основно училиште? Меѓу набројаните нема ниту еден интелектуалец од мнозинството експертска структура во државава кои жестоко се спротивставија.
-Членовите на работната група досега учествуваа во бројни јавни и медиумски дебати како и во самата јавна презентација на концепцијата (на пример проф.д-р Виолета Петроска Бешка, проф. д- р Јасмина Делчева Диздаревиќ, проф. д-р Кирил Барбареев од УГД, проф. д-р Лулзим Мехмеди од Универзитетот во Тетово, Иванка Мијиќ, советник во Бирото за развој на образование, проф. д-р Лена Дамовска од УКИМ, Ајше Ајрулаи од Бирото за развој на образованието...) Претходно, слушнато е мислењето на над 4000 наставници, но и на учениците и родителите, одговараат од МОН.
Во листата косултирани релевантни државни научни институции со кои рагзоварало министерството ги нема МАНУ, факултетите кои се спротивставија, како и Институтите за национална историја и македонски јазик. Остануваат уште само 9 дена до кога ќе може експертите да испраќаат забелешки за подобрување и менување на концепцијата. Oстанува отворено прашањето дали критиките кои ќе ги упатат дел од експертите ќе бидат вметнати. Во меѓувреме од МОН не одредуваat датум за јавна расправа за реформата каква што доликува за секоја сериозна промена во државата.