Собраниската Комисија за надзор над работата над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите на денешната седница треба да го разгледа извештајот на Јавниот обвинител на Република Македонија за примена на посебни истражни мерки во 2019 година.

На седницата исто така пратениците се очекува да бидат информирани за работата, состојбите, плановите и потребите во Оперативно-техничката агенција.