На седница на Владата е усвоена Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2021 година со буџет од вкупен износ од 20.000.000,00 денари.
Средствата од оваа програма ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите, преку грантови во износ од 600.000,00 до 900.000,00 денари, за програми (проекти) за кои како приоритети се определени темите едно општество за сите, забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните, справување со светската пандемија предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, заштита на животната средина, зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени, владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност, квалитетно образование достапно за сите согласно побарувачката на пазарот на трудот, модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти и успешно водење на пристапните преговори со Европската Унија.