Ивермектинот станува достапен за македонските граѓани и веќе го има во аптеките иако не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување. Исто така, стручниот колегиум на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија и ковид – центрите при интернистичкиот блок, изготвија мислење за употребата на лекот Ивермектин кај пациенти со Ковид-19, а протоколот преку Лекарската комора веќе е испратен до матичните лекари.
Лекарската комора најави дека ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат пртоколите, како и онлајн дискусија со клиничките доктори за употребата на лекот.
Според извештајот на Институтот за јавно здравје во периодот од 4 до 10 јануари има намалување на бројот на смртни случаи за 20,4 отсто, процентот на позитивни од тестирани е намален на 19 отсто, а за 14,8 отсто е зголемен бројот на оздравени лица во споредба со претходната недела.